Добивај ги сите новости во твоето сандаче

Менувачка курсна листа

17.05.2012
  • EUR 61,35 61,6236 61,75
  • USD 47,40 48,3778 49,30
  • CHF 49,50 51,3060 53,00
  • GBP 75,90 77,1018 78,40
  • AUD 47,05 48,0946 49,05

VISA Business Electron

VISA Business Electron картичката од ПроКредит Банка Македонија е меѓународна дебитна картичка со повеќе од 200 милиони корисници низ целиот свет. VISA Business Electron дебитната картичка Ви овозможува на повлечете готовина и да ги платите сметките, до висина на износот на Вашите средства што ги имате на трансакциска сметка за правни лица. во продавници низ целиот свет.

VISA Business Electron дебитната картичка е наменета за правни лица кои имаат активна трансакциска сметка за правни лица во ПроКредит Банка Македонија.

Основни карактеристики

  • Меѓународна дебитна картичка;
  • Поврзана со трансакциска сметка за правни лица;
  • Со 100% on-line авторизација во реално време;

Како до VISA Business Electron дебитната картичка

VISA Business Electron дебитната картичка на ПроКредит Банка се добива по пополнувањето на формуларот за издавање на картичката. Формуларот е достапен во сите експозитури на ПроКредит Банка. Исто така, формуларот може да се симне и до веб страната на ПроКредит Банка.

Картичката е поврзана со трансакциска-сметка на правно лице и се користи само од овластените лица на сметката. Правното лице може да поднесе барање за издавање на картичка без да се ограничува бројот на корисници на картичките - овластените лица. Неопходно е да се пополни апликација  за картичка за секое овластено лице.

Можности

  • Повлекување на готовина од банкоматите  на ПроКредит Банка, како и   банкоматите на другите банки во земјата и надвор, кои го носат логото на  Visa Electron;
  • за плаќање на POS уреди инсталирани на продажните места во земјата и во странство,  кои го носат логото на Visa Electron;
  • Картичката се користи како меѓународна дебитна on-line картичка. Сите трансакции се изведуваат по електронски пат, со верификација на ПИН бројот на банкоматите, и со потпис или ПИН код на слиповите на POS уредите
  • Пристап до Вашите средства 24 часа на ден, во земјата и странство

Однапред дефинирани ограничувања за трошење

  • Дневен лимит за употреба на картичката на банкомати (максимум 30.000 МКД или 10 трансакции на ден)
  • Дневен лимит за употреба на картичката на POS уред (ограничено на моменталните средства на сметката)

Извод на состојба на трансакциска сметка за правни лица

Средствата кои се употребуваат со картичката се уплаќаат - депонираат на трансакциска сметка на правното лице и сите трансакции со картичките се евидентираат на таа  сметка. Банката обезбедува за правното лице редовни извештаи (извод на состојба на сметка) за сите трансакции кои се направени на истата трансакциска сметка за правни лица.

Преземи ценовник на ПроКредит Банка

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на ПроКредит Банка или на:
Тел. број +389 2 2446 000 Контакт Центар
Тел. број +389 2 3219 555, 24 часа достапен за картична поддршка на корисници
E-mail:  info@procreditbank.com.mk

- Кредитна линија за развој на МСТД: Фиксна каматна стапка - 8% годишно;

- Кредити за извоз: 
Фиксна каматна стапка - 6% годишно.

Кредитни линии МБПР:
- Кредитирање на мали и средни претпријатија ЕИБ: Фиксна каматна стапка - 5,5% годишно;

- КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗКДФ: Фиксна каматна стапка - 4% годишно;