FITCH повторно го потврди добриот
рејтинг на ПроКредит банка
Меѓународната
рејтинг агенција “Fitch Ratings” и оваа година го потврди
кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка Македонија со оценка 'ББ+’ . Во 2012, како
година со големи предизвици за сигурноста и стабилноста на финансиските
инститиции. ПроКредит Банка е прва банка
во Македонија, на која Fitch Ratings и додели кредитен рејтинг уште во 2005
година и оттогаш единствена банка во Македонија со
кредитен рејтинг во 2012г. Рејтингот со оценка ,,ББ+”
е воедно
е кредитниот рејтинг на Македонија, кој има влијание врз
рејтингот на финансиска институција од Макефонија.
Индивидуалниот рејтинг на ПроКредит Банка е резултат на
позитивните бизнис резултати на банката меѓу кои: квалитетот на кредитното
портфолио и релативно нискиот степен на кредити во доцнење споредено со нивото
на банкарскиот сектор, солидната капитална адекватност, високиот степен на ликвидност и диферзифицираната
депозитна баз,. Дополнително за ваквиот рејтинг значајна е и поддршката од
акционерите, пред се ПроКредит Холдинг-доминантниот сопственик на ПроКредит
Македонија , со седиште во Фракфурт Германија.
“Да се има добар рејтинг
е важна карактеристика за работењето на една институција. Потврдата на
рејтингот ја рефлектира стабилноста и сигурноста на ПроКредит Банка, што е од
особено значење за клиентите, штедачите и кредитобарателите. Во голема мера е
резултат на одговорното работење на банката, кредитната технологија и
експертизата за проценка на ризикот уште во неговата рана фаза. Одржувањето
на овој рејтинг е добар сигнал за позитивната перспектива во работењето на
банката.” - изјави Јованка Јолеска
Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка.
“Fitch Ratings” е глобална рејтинг агенција, една од големите три
рејтинг агенции кои спроведуваат независни оценки на кредитниот рејтинг според
меѓународни споредливи стандарди. Кредитниот
рејтингот претставува унифицирана меѓународна мерка која дава севкупна оценка
на сигурноста и стабилноста на финансисиката институција во даденото
макроекономско опкружување.