Електронска пријава

Добивај ги сите новости во твоето сандаче

Менувачка курсна листа

17.05.2012
  • EUR 61,35 61,6236 61,75
  • USD 47,40 48,3778 49,30
  • CHF 49,50 51,3060 53,00
  • GBP 75,90 77,1018 78,40
  • AUD 47,05 48,0946 49,05

Чекори во процес на регрутирање


Доколку сте заинтерсирани да бидете дел од нашата Банка, најпрво би сакале да Ве запознаеме со принципите кои ја стандардизираат и унифицираат нашата политика на регрутирање и да Ви дадеме совет за успешно и коректно аплицирање со цел Вашата апликација да биде земена во предвид.


1. Апликација (како да испратите успешна апликација)

Би сакале да ги знаме и од голема важност ни се Вашите мотиви за аплицирање во ПроКредит Банка. Поради тоа, ние очекуваме од Вас да се информирате за нашата Банка и да ни ги објасните мотивите зошто аплицирате кај нас. Сите релевантни информации за нашата групација и ПроКредит Банка – Македонија може да ги најдете на следниве веб страници: www.procredit-holding.com и http://www.procreditbank.com.mk/ .

Тоа треба да биде направено со пополнување на електронската пријава во неколку чекори, која содржи дел за кратка биографија и дел за мотивациско писмо.

Во делот за кратка биографија
Ве молиме, внимателно пополнете го овој дел. Внимавајте на печатни грешки и давање на непотполни информации.

Во делот за мотивациско писмо
Очекуваме од Вас да се информирате за нашата Банка и да ни ги објасните мотивите зошто аплицирате кај нас. Исто така, Мотивациското писмо е Ваша шанса да не убедите нас, дека Вие сте вистинскиот кандидат за ПроКредит Банка.  

Наша препорака при изготвување на мотивациското писмо е дека треба да ги содржи следниве информации:
- Вовед (информации за Вас и Вашите интереси)
- Зошто би сакале да работите во ПроКредит Банка
- Што знаете за ПроКредит Банка и ПроКредит Холдинг, и што е она што Вас ве импресионирално
- Зошто сте заинтересирани за позицијата за која аплицирате
- Кои се Вашите очекувања од ПроКредит Банка

Запомнете дека мотивациското писмо е резиме и поради тоа, неговата содржина не треба да биде многу долга.

Напомена: Со цел Вашата апликација да биде позитивно оценета, многу е важно да не користите клишеа (готови фрази) или позајмени мотивациски писма, како и да не користите копирани информации (текст) од нашите веб страници. 

Како што можете да забележите, ние бараме високо мотивирани вработени со долгорочна посветеност кон целите на нашата Банка.
Ние со најсериозни намери ја земаме во предвид Вашата апликација, а воедно очекуваме од Вас со најсериозни намери да го сфатите аплицирањето во ПроКредит Банка. Погоре наведените препораки се јасни упатства за тоа. Апликацијата која може да биде испратена во 20 други компании и која не говори за Вашите индивидуални квалификации и мотиви за позицијата за која аплицирате кај нас, неможе да има успех во процесот на регрутирање во нашата банка.

Тенденција ни е и процесот на регрутирање и Вашата потенцијална кариера во ПроКредит Банка да ги претставиме на најтранспарентен и најобјективен начин.

Сите останати начини на аплицирање и неправилно изготвени кратка биографија и мотивациско писмо ќе се сметаат за невалидни и нема да се земаат во предвид при процесот на регрутирање и селекција.  

2. Телефонски разговор

Доколку Вашата апликација позитивно е оценета, Вие ќе бидете телефонски контактирани од страна на Дивизијата за човечки ресурси и обука, како следен чекор во процесот на регрутирање. Во овој телефонски разговор ќе имате прилика дополнително и лично да се претставите, како и да ги објасните референците наведени во Вашата кратка биографија и мотивациско писмо.

3. Тест – математика и логика

Од кандидатите имаме барање да го полагаат писмениот математички и логички тест во времетраење од еден час. Овој тест треба задолжително  да го положите, за да продолжите на следниот чекор во процесот на регрутирање и селекција.

Ви препорачуваме да ги користите материјалите подолу со цел успешно да се припремите за тестот. 
- преземи материјали за подготовка
-Test 1; Test 2; Test 3; Resenie na Test 1


4. Групна дискусија
Сите кандидати кои успешно ќе го поминат тестот по математика и логика, ќе бидат поканети на групна дискусија.

5. Индивидуално интервју
Сите кандидати кои позитвно ќе бидат оценети на групната дискусија, дополнително ќе бидат поканети на индивидуално интервју, по кое и ќе следи финалната одлука за изборот.

Целиот процес на регрутирање во ПроКредит Банка се одвива централизирано во Скопје. Сите оние кандидати кои патуваат од останатите градови ќе добијат надомест на транспортните трошоци во висина на еден повратен билет со автобус или воз.
Би сакале уште еднаш да Ви заблагодариме за Вашиот интерес и Ви посакуваме успех во Вашата кариера.

Напомена:
Банката нема обврска да ги извести лицата коишто неправилно изготвиле кратка биографија и мотивациско писмо