
Што преставува кредитна линија?
Кредитна линија за претпријатија преставува извор на финансирање на обртни средства кои на претпријатијата им се одобруваат еднократно, можат да се користат повеќепати и да се вратат во најпогодниот момент за вашиот бизнис.
Доколку сте добиле добра бизнис понуда за набавка на материјали по поевтина цена, а немате во моментот расположливи средства, можете да активирате средства од вашата кредитна линија и да ја вратите искористената сума во оној момент кога ќе имате финансии на располагање.
Зошто е погодна кредитната линија? PDF брошура
Можете да имате расположливи средства во секое време
- Можете да одговорите на сите добри непредвидени пазарни можности/понуди
- Имате можност за авансно плаќање за подобри рабати
- Проширување на асортиманот на производи/услуги
- Полесно управување на различните рокови на побарувањата и сервисирањето на обврските.
- Отплата на искористените средства од кредитната линија може да се прилагоди на вашите можности и планови бес фиксен план за отплата.
Што треба да направите следно?
Доколку имате потреба од советување или повеќе информации за оваа кредитна линија добредојдени сте да ја посетите најблиската експозитура на ПроКредит Банка или да не исконтактирате преку телeфон 02 2446 000.
Ве очекуваме!