Денарските штедни влогови се осигурени во Фондот за осигурување на штедни влогови . Фондот ги обештетува физичките лица во висина на 100% од депозитот на секое физичко лице до износот на денарска противвредност на 10.000 ЕУР и 90% од депозитот на секое физичко лице во една банка или штедилница до износот од денарска противвредност помеѓу 10.000 ЕУР и 20.000 ЕУР, но не повеќе од денарската противвредност на 20.000 ЕУР. Во наведениот износ се пресметува главнината на штедниот влог зголемена за камата во висина најмногу до есконтната стапка на Народна банка на Р.Македонија важечка во соодветниот период.
