Добивај ги сите новости во твоето сандаче

Менувачка курсна листа

17.05.2012
  • EUR 61,35 61,6236 61,75
  • USD 47,40 48,3778 49,30
  • CHF 49,50 51,3060 53,00
  • GBP 75,90 77,1018 78,40
  • AUD 47,05 48,0946 49,05

Скопје, 21.12.2006

БИЗНИС СРЕДБА ВО НОВИТЕ ПРОСТОРИИ НА БИЗНИС ЦЕНТАРОТ НА ПРОКРЕДИТ БАНКА

ProCredit Bank организираше отворена бизнис средба во новите простории на Бизнис Центарот, на која присуствуваа претставници од бизнис заедницата, претставници на Банката и медиумите.

Банката, освен главниот фокус на микро, мали и средни бизниси, нуди целосна услуга на корпоративни клиенти. Новиот Бизнис Центар е отворен со цел да ги задоволи специфичните потреби токму на корпоративните клиенти. Во Бизнис Центарот, на секој бизнис клиент му се посветува лично внимание од вработен кој е запознаен со бизнисот и кој може навремено да одговори на барањата на клиентот.

Во Бизнис Центарот на ProCredit Bank, корпоративните клиенти можат да бидат услужени со комплетни банкарски услуги и тоа тековни, жиро, штедни и орочени сметки од неколку вида, Maestro и Visa Electron дебитни картички, Master, Visa Classic и Diners кредитни картички, Visa Business Electron дебитна картичка за правни лица, платен промет и менувачко работење и посебно секој може да добие консултација за сите видови на кредити за поддршка и развој на малото стопанство, одбирајќи ја ProCredit Bank како Банка со клиентски ориентиран пристап, професионална услуга и широка насмевка за сите.

На отворената средба, која беше во организација на Бизнис Центарот на ProCredit Bank, специјални гости беа:

  • Г-дин Јанко Тренкоски, Р3 Инфомедиа (Златна книга);
  • Г-дин Никола Ефтимов, Извршен директор на Сојузот на стопански комори;

Сите гости кои присуствуваа на отворената средба имаа можност да дискутираат за начините на промоција и самопромоција на бизнисите и конкурентноста на македонските фирми - актуелни теми кои ги засегаат модерните деловни активности.

- Кредитна линија за развој на МСТД: Фиксна каматна стапка - 8% годишно;

- Кредити за извоз: 
Фиксна каматна стапка - 6% годишно.

Кредитни линии МБПР:
- Кредитирање на мали и средни претпријатија ЕИБ: Фиксна каматна стапка - 5,5% годишно;

- КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗКДФ: Фиксна каматна стапка - 4% годишно;