18 март 2010
Бизнис коктел на ПроКредит Банка “Време е за бизнис”
ПроКредит Банка организираше бизнис коктел со наслов „Време е за бизнис“. На коктелот на кој присуствуваа голем број на стопанственици, клиенти и соработници на ПроКредит Банка, се промовираа бизнис пакетите со специјални услови за развој на претпријатијата.
Гостите имаа директна можност да се запознаат со менаџментот и вработените на ПроКредит Банка и да поразговараат за банкарството кое им е потребно во нивниот развоен пат. За време на настанот, присутни беа и претставниците на македонските и меѓународни стопански комори, кои информираа за развојните перспективи на претпријатијата.
Првиот генерален директор на банката, Јованка Јолеска Поповска, изјави дека ПроКредит верува во развојот на македонското претприемништво и дека оваа година уште посилно ќе ги поддржи нивните активности.

