Добивај ги сите новости во твоето сандаче

Менувачка курсна листа

17.05.2012
  • EUR 61,35 61,6236 61,75
  • USD 47,40 48,3778 49,30
  • CHF 49,50 51,3060 53,00
  • GBP 75,90 77,1018 78,40
  • AUD 47,05 48,0946 49,05

БИЗНИС ФОРУМ ноември 2008 Гевгелија

БИЗНИС ФОРУМ за подобрувањето на конкурентноста на малите и средни претпријатија


Во рамките на Светската недела на претприемништвото, во ноември, 2008 во Гевгелија се отвори Бизнис клубот на стопанственици  организиран од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија, а поддржан од Британската амбасада.

Тема на форумот беше подобрувањето на конкурентноста на малите и средни претпријатија во насока на соочување со предизвиците и предлагање на конкретни чекори за подобрување на нивната пазарна позиција.

Во рамките на настанот се одржа и финансиска работилница на тема "Како подобро до финансирање на бизнисот" на малите и средни претпријатија. Поканети беа претприемачи од целиот југо-источен регион: Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово.

ПроКредит Банка настапи на финансиската работилница со презентација од едукативен карактер која обработуваше "одговорно кредитирање". Беа презентирани видовите на бизнис кредити, нивната намена за основни и обртни средства, кредитната технологија и значајноста на транспарентното прикажување на вкупните трошоци поврзани со кредитите.

Црпејќи искуство од учеството на вакви семинари и бизнис форуми, ПроКредит Банка ќе продолжи активно да учествува на истите, с? со цел да биде поблиску до бизнис заедницата, да ги осознава нивните потреби и да понуди адекватни решенија.

- Кредитна линија за развој на МСТД: Фиксна каматна стапка - 8% годишно;

- Кредити за извоз: 
Фиксна каматна стапка - 6% годишно.

Кредитни линии МБПР:
- Кредитирање на мали и средни претпријатија ЕИБ: Фиксна каматна стапка - 5,5% годишно;

- КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗКДФ: Фиксна каматна стапка - 4% годишно;