E-banking

Електронско банкарство - За кого?

ПроКредит банка овозможува услуги на електронското банкарство за сите правни и физички лица во денарскиот и девизниот платен промет кои поседуваат сметка во ПроКредит банка

Што е електронско банкарство?

Електронското банкарство на ПроКредит банка е систем кој Ви овозможува брзо и безбедно вршење на:

Преглед и извештаи 

  • Преглед на трансакции  (преглед на приливи и одливи)
  • Преглед на изводи (правни лица)
  • Моментална состојба

Електронски Трансакции

  • Интерни налози
  • ПП30
  • Буџетски плаќања

* Напомена: Електронските трансакции во моментов се овозможени само за денарски платен промет

Што е потребно?

За да ги користите овие сервиси на ПроКредит банка, потребни Ви се:

  • Персонален компјутер*
  • Интернет пристап
  • Смарт Токен (за електронски плаќања-ги обезбедува Банката)
  • Дигитален сертификат (издаден од овластен ЦА) и упатство и лозинки (го обезбедува Банката)

* Минимални побарувања за извршување на електронски трансакции: Персоналниот компјутер да има барем една USB порта, инсталиран оперативен систем Windows 98 SE, Windows XP или Windows Vista и интернет пребарувач Microsoft Internet explorer 6.x или понова верзија.

За да станете корисник на Системот за електронско Банкарство треба да пополните Апликација за електронско банкарство во било која експозитура на ПроКредит Банка.

За сите дополнителни прашања на телефон: + 389 2 3219 571

Електронски изводи – Каков тип на сервис е ова?

Сервисот Електронски Изводи е програмски пакет на ПроКредит Банка кој Ви овозможува дел од Вашите банкарски потреби да ги извршите од канцеларија или дома без доаѓање во филијалата на ПроКредит Банка, со што го штедите Вашето време.

Електронски изводи – Зошто?

  • Затоа што банкарските информации за промената и моменталната состојба на вашата сметка може да ја видите во секој момент - 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината;
  • Затоа што имате потполна контрола врз своите финансии и
  • Затоа што го штедите времето кое може да го потрошите во друштво на своето семејство или своите пријатели или за да ја прочитате вашата омилена книга.

Електронски изводи - Кои услуги може да ги користам?

Сервисот Електронски Изводи на ПроКредит Банка ви овозможува пристап до сметките и користење на една од следниве услуги:

  • Промет на сметка - пратење на промената и преглед на моменталната состојба на сметката и
  • Извод на сметка - дневен извод на сметка (само за правни лица)

Електронски изводи – Кој може да го користи овој сервис?

Секое физичко лице и правно лице имател на трансакциска сметка во ПроКредит Банка, може да го користи овој сервис и тоа неограничено и во секој момент (0-24 часот) во текот на 365 дена во годината.

Електронски изводи – Колку чини користењето на овој сервис?

  • Бесплатен за сите правни лица кои дневно пристапуваат до сервисот
  • За физички лица согласно ценовникот на ПроКредит Банка
Термински план за плаќања преку сервисот на Eлектронско банкарство
  • МИПС системот – за плаќања над 1.000.000,00 денари и плаќања кои треба да се извршат брзо и итно во реално време. Вашите налози преку сервисот на електронско банкарство може да бидат извршени секој работен ден (понеделник – петок) до 16:00 часот.
  • КИБС системот – наменет за плаќања на износи до 1.000.000,00 денари. Налози преку овој сервис можат да бидат извршени секој работен ден до 14:00 часот.
  • Интерен клиринг – плаќања помеѓу клиенти на ПроКредит Банка. Овие плаќања се реализират веднаш, во истиот момент на извршување до 20:00 часот секој ден.

ПроКредит Банка за извршување на Вашите платни трансакции преку овие два системи наплатува фиксна и поволна провизија, согласно, ценовникот на ПроКредит Банка за физички лица и ценовникот на ПроКредит Банка за правни лица.